Откровение 11:15-17
Откровение 11:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Седмиот ангел затруби и од небото зататнеа силни гласови, кои говореа: „Власта над целиот свет Му припаѓа на нашиот Господ и на Неговиот Помазаник, Кој ќе владее во вечни векови!“ Тогаш дваесет и четирите старешини што седеа на своите престоли пред самиот Бог, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бог, говорејќи: „Господе, Семоќен Боже, Ти Којшто постоиш, и Кој отсекогаш си постоел: Ти благодариме, што најпосле во Свои раце ја презеде големата власт и што Твоето владеење започна!
Откровение 11:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светот стана царство на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и Тој ќе царува во сите векови!“ И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога, велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Седржителе, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, зашто ја прими Својата голема сила и се зацари!
Откровение 11:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И седмиот ангел затруби, и одекнаа силни гласови на небото, велејќи: „Царствата на светот Му припаднаа на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и ќе царува во сите векови.“ И дваесет и четирите старешини, кои седат, на своите престоли, пред Бога, паднаа на своите лица и Му се поклонија на Бога, велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Сѐмоќен, Кој си и Кој беше, и Кој иде, зашто ја зеде Својата голема сила и се зацари.