Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОТКРОВЕНИЕ 11

11
Два сведока
1И ми беше дадена мерачка трска слична на стап, и ми беше речено: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние, кои се поклонуваат во него. 2А надворешниот двор на храмот остави го и не мери го, зашто им е даден на народите, и тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеца. 3И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двеста и шеесет денови. 4Тие се две маслинови дрвја и два светилника, кои стојат пред Господарот на земјата. 5И ако некој сака да им напакости, оган излегува од нивната уста и ги проголтува нивните непријатели. И ако некој сака да им напакости, треба така да биде убиен. 6Тие имаат власт да го затворат небото, за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и имаат власт над водите, да ги претворат во крв и да ја поразат земјата со секаква неволја, колкупати и да посакаат.“ 7“И кога ќе го завршат своето сведоштво, Ѕверот, кој излегува од Бездната, ќе војува против нив, и ќе ги победи, и ќе ги убие. 8И нивните трупови ќе лежат на улицата на големиот град, кој духовно се наречува Содом и Египет, каде и нивниот Господ беше распнат. 9И луѓето од народите и племињата и јазиците и народностите ќе ги гледаат нивните трупови три ипол дена, и не ќе дозволат нивните трупови да бидат положени во гроб. 10И жителите на земјата ќе се радуваат и ќе се веселат за нив, и ќе си праќаат дарови еден на друг, зашто тие два пророка ги измачуваа жителите на земјата. 11И по три ипол дена, влезе во нив животворен дух од Бога, и застанаа на свои нозе, а голем страв ги обзеде оние, кои ги гледаа. 12И чуја силен глас од небото, кој им велеше: „Дојдете ваму, горе!“ И отидоа горе во небо во облакот, и нивните непријатели ги видоа.
13А во тој час настана голем земјотрес, и падна десеттиот дел на градот, и од земјотресот загинаа седум илјади човечки имиња; а другите се уплашија и Му воздадоа слава на небесниот Бог. 14Второто зло помина, и ете, третото зло доаѓа брзо.
Трето зло
15И седмиот ангел затруби, и одекнаа силни гласови на небото, велејќи: „Царствата на светот Му припаднаа на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и ќе царува во сите векови.“ 16И дваесет и четирите старешини, кои седат, на своите престоли, пред Бога, паднаа на своите лица и Му се поклонија на Бога, 17велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Сѐмоќен, Кој си и Кој беше, и Кој иде, зашто ја зеде Својата голема сила и се зацари. 18И народите се разгневија, и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите, и да им се даде награда на Твоите слуги, на пророците и на светите и на оние, кои се бојат од Твоето име, мали и големи, и да ги уништиш оние, кои ја расипуваа земјата.“
19И се отвори Божјиот храм во небото и се покажа ковчегот на Неговиот завет во Неговиот храм, и настанаа молњи и грмежи и гласови и земјотрес и голем град.

Селектирано:

ОТКРОВЕНИЕ 11: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се