Псалми 95:1-7
Псалми 95:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Дојдете да Му пееме на Господ и да воскликнеме кон Карпата на нашето спасение! Да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме, зашто Бог е велик Господ и Цар голем над сите богови. Зашто во Неговите раце се сите земни длабочини, а горските височини се исто така Негови. Бидејќи Негово е морето, и Тој го создаде, а рацете Негови го создадоа и копното. Дојдете да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да клекнеме пред лицето на Господ, нашиот Творец; зашто Тој е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце. О, денес да бевте го послушале Неговиот глас!

Псалми 95:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител! Да застанеме пред Неговото лице со благодарности, да Му воскликнуваме со песни! Зашто величествен е Господ, нашиот Бог, велик Цар над сите богови. Во Неговите раце се земските длабочини, Негови се планинските височини. Негово е морето, Тој го создаде, и копното, што го направија Неговите раце. Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да Му се поклониме на Бога, нашиот Создател. Зашто Тој е наш Бог, а ние народ на Неговото пасиште, овци што Тој ги чува.