Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител! Да застанеме пред Неговото лице со благодарности, да Му воскликнуваме со песни! Зашто величествен е Господ, нашиот Бог, велик Цар над сите богови. Во Неговите раце се земските длабочини, Негови се планинските височини. Негово е морето, Тој го создаде, и копното, што го направија Неговите раце. Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да Му се поклониме на Бога, нашиот Создател. Зашто Тој е наш Бог, а ние народ на Неговото пасиште, овци што Тој ги чува.
Прочитај ПСАЛМИ 95
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПСАЛМИ 95:1-7
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа