Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 89:20-37

Псалми 89:20-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Го најдов Мојот слуга Давид; со своето свето масло го помазав. Раката Моја ќе остане со него, и мишката Моја ќе го закрепнува. Непријателот не ќе може ништо да му направи, и синот на беззаконието нема да го собори. Ќе ги уништам пред него непријателите негови и ќе ги победам оние што го мразат. И Мојата верност и Мојата ми­лост се со него, и преку Моето име ќе се возвишува неговиот рог. И ќе ја положам над морето раката негова, и над реките – десницата негова. Тој ќе ме повикува: Ти си мој Отец, мој Бог и крепост на моето спасение. И Јас ќе го направам првороден син, повисоко од земните цареви, засекогаш ќе му ја зачувам Мо­јата милост и Мојот завет со него ќе биде верен. И ќе го продолжам засекогаш не­говото потомство и неговиот престол, – колку деновите на небото. Ако синовите негови го остават Мојот закон и не одат по Моите заповеди; ако ги нарушат Моите наредби и не ги запазуваат Моите наредби, тогаш ќе го казнувам со жезолот нивното престапништво, и со рани – нивното беззаконие; но милоста Своја нема да ја отстра­нам од него и верноста Своја нема да ја изневерам. Нема да го повредам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја. Еднаш се заколнав во светоста Своја: нема да го лажам Давид! Неговото потомство вечно ќе пребива, неговиот престол ќе биде како сонце пред Мене, засекогаш ќе стои како месечината, верен сведок на небото.“

Псалми 89:20-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

го најдов Давида, Својот слуга, го помазав со Своето свето масло, за да остане Мојата рака секогаш со него и Мојата мишка да го крепи. Нема да го надмудри непријател, ниту да го превали синот на беззаконието. Ќе ги разбијам пред него неговите противници, ќе ги погубам неговите мразители. Мојата верност и Мојата добрина ќе бидат со него, и во Мое име ќе му расте силата. Ќе ја испружам неговата рака до морето, неговата десница до Реката. Тој ќе Ме вика: „Татко мој! Боже мој и карпа на моето спасение.“ А Јас ќе го направам првороденец, најголем меѓу царевите на светот. За него ќе ги запазам довека: Мојата милост и Мојот верен Сојуз. Ќе го направам вечно неговото потомство, и неговиот престол како небесен ден. Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби; ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди; со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина, но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина. Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување. Еднаш се заколнав во Мојата светост: нема да го измамам Давида. Неговото потомство ќе остане довека, неговиот престол, пред Мене, како сонце. Ќе остане довека како месечина, верен сведок на небото.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност