Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 89:20-37

ПСАЛМИ 89:20-37 MKB

го најдов Давида, Својот слуга, го помазав со Своето свето масло, за да остане Мојата рака секогаш со него и Мојата мишка да го крепи. Нема да го надмудри непријател, ниту да го превали синот на беззаконието. Ќе ги разбијам пред него неговите противници, ќе ги погубам неговите мразители. Мојата верност и Мојата добрина ќе бидат со него, и во Мое име ќе му расте силата. Ќе ја испружам неговата рака до морето, неговата десница до Реката. Тој ќе Ме вика: „Татко мој! Боже мој и карпа на моето спасение.“ А Јас ќе го направам првороденец, најголем меѓу царевите на светот. За него ќе ги запазам довека: Мојата милост и Мојот верен Сојуз. Ќе го направам вечно неговото потомство, и неговиот престол како небесен ден. Ако неговите синови го остават Мојот Закон и не одат според Моите наредби; ако ги престапат Моите одредби и не ги чуваат Моите заповеди; со прачка ќе го казнам нивното недело, со лути ударци нивната вина, но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина. Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување. Еднаш се заколнав во Мојата светост: нема да го измамам Давида. Неговото потомство ќе остане довека, неговиот престол, пред Мене, како сонце. Ќе остане довека како месечина, верен сведок на небото.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност