Го најдов Мојот слуга Давид; со своето свето масло го помазав. Раката Моја ќе остане со него, и мишката Моја ќе го закрепнува. Непријателот не ќе може ништо да му направи, и синот на беззаконието нема да го собори. Ќе ги уништам пред него непријателите негови и ќе ги победам оние што го мразат. И Мојата верност и Мојата милост се со него, и преку Моето име ќе се возвишува неговиот рог. И ќе ја положам над морето раката негова, и над реките – десницата негова. Тој ќе ме повикува: Ти си мој Отец, мој Бог и крепост на моето спасение. И Јас ќе го направам првороден син, повисоко од земните цареви, засекогаш ќе му ја зачувам Мојата милост и Мојот завет со него ќе биде верен. И ќе го продолжам засекогаш неговото потомство и неговиот престол, – колку деновите на небото. Ако синовите негови го остават Мојот закон и не одат по Моите заповеди; ако ги нарушат Моите наредби и не ги запазуваат Моите наредби, тогаш ќе го казнувам со жезолот нивното престапништво, и со рани – нивното беззаконие; но милоста Своја нема да ја отстранам од него и верноста Своја нема да ја изневерам. Нема да го повредам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја. Еднаш се заколнав во светоста Своја: нема да го лажам Давид! Неговото потомство вечно ќе пребива, неговиот престол ќе биде како сонце пред Мене, засекогаш ќе стои како месечината, верен сведок на небото.“
Прочитај Псалми 89
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 89:20-37
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа