Псалми 78:5-7
Псалми 78:5-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој подигна сведоштво во Јаков и положи закон во Израел, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои, за да знае идниот род, децата, што ќе се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца, да ги полагаат надежите свои во Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди
Псалми 78:5-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тој постави сведоштво за Јакова, положи Закон во Израел: Тоа што им го заповеда на нашите татковци, тие да му го соопштат на своите деца, за да знае идното поколение, и синовите што ќе се родат, да им раскажуваат на своите деца, својата надеж да ја положат на Бога и да не ги забораваат Божјите дела, туку да ги исполнуваат Неговите заповеди