Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 78

78
ПСАЛМ 78
Верноста Божја во водењето на неговиот непослушен народ
1 # 5 Мојс 32,1 Слушни ги народе мој поуките мои, нека чуе увото ваше што зборува устата моја. 2#49,4; Мт 13,35Ја отворам устата своја со парабола и ќе зборувам за непознатите работи од старо време, 3#44,1; 145,4; 2 Мојс 10,2; 13,13; Јов 8,8работи што ги чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши, 4#22,30; 147,19; 2 Мојс 10,2; 12,25-26; 13,13-14; 5 Мојс 4,9; 6,19-24нема да ги криеме од нивните деца, на идниот род ќе му раска­жуваме за славата на Господ и силата Негова, и чудесата Негови што Тој ги изврши. 5Тој подигна сведоштво во Јаков и положи закон во Израел, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои, 6за да знае идниот род, децата, што ќе се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца, 7да ги полагаат надежите свои во Бога, да не ги забораваат делата Бож­ји, да ги чуваат Неговите заповеди 8#5 Мојс 31,27; 32,5.20и да не бидат како татковците нивни – род тврдоглав и бунтовен, непостојан по срце и не Му остана верен на Бога со духот свој. 9#Ос 7,13-16Синовите Ефремови, вооружени, стрелајќи со лакови, отстапија во денот на битката: 10тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот закон. 11Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал, 12чудесата што пред очите на нив­ните татковци ги направи во египетската земја, во полињата на Цоан; 13#2 Мојс 14–15го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како насип; 14#105,39; 2 Мојс 13,21дење ги водеше со облак, а по цела ноќ – со огнена светлина; 15#105,41; 114,8; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис 48,21разби карпа во пустината и ги на­пои како од голема бездна. 16Од карпата изведе вода, и води по­текоа како реки. 17#Ез 20,13Но тие продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Го огорчуваат Севишниот во пустината: 18#95,8-9; 2 Мојс 16,2-36; 5 Мојс 6,16Го искушуваа Бога со срцето свое, барајќи храна за своето лакомство, 19#23,5па Го нападнаа Бога, велејќи „Мо­же ли Бог да приготви трпеза во пустина?“ 20Ете, Тој удри во карпа – и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Тој да му даде и леб, може ли да му приготви месо на Својот народ? 21#4 Мојс 11; 5 Мојс 32,22Поради ова што го чу, Господ се разгневи и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јаков и гнев се крена против Израел, 22затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваа на спасението во Него. 23#2 Цар 7,2; Мал 3,10Тој им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата, 24#Јн 6,31па им истури дожд од мана да јадат, и им даде леб небесен. 25#105,40; 5 Мојс 8,3; 1 Кор 10,3Леб ангелски јадеше човекот: Тој им испрати храна до наситување. 26#4 Мојс 11,31Го раздвижи од небото јужниот ветар и со силата Своја го дотера југо­западниот ветар, 27па ги обложи со месо како со прав и со птици пернати како со песок морски: 28ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта, 29#Ос 13,6и тие јадеа и се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде. 30#4 Мојс 11,33Но уште не беше минала нивната желба, и храната уште им беше во устата нивна, 31#4 Мојс 14,29а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и израелските момчи­ња ги погуби. 32При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Не­гови. 33И така им минеа дните нивни по­пусто и годините нивни во ужас. 34#4 Мојс 21,7; 5 Мојс 32,15.18; Ис 26,16; Ос 5,15Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обраќаа и прибегнуваа кон Бога, 35и се сеќаваа дека Бог е нивен по­мошник и дека Севишниот Бог е нивен избавител. 36Но со устата своја Го мамеа, со јазикот свој лажеа пред Него; 37#Ис 29,13; Ос 6,4; 8,1; Дела 8,21срцето нивно не Му беше наполно верно, и тие не беа цврсти во заветот Негов. 38#65,3; 85,3; 2 Мојс 32,14; 4 Мојс 14,20; Ис 48,9; Ез 20,22; Ос 11,8-9Но Тој, Милостивиот, им го простуваше гревот и не ги истребуваше, мно­гупати ја отстрануваше јароста Своја и не го разгоруваше сиот Свој гнев: 39Тој ќе си спомнеше дека се тие тело и здив што оди и не се враќа. 40#5 Мојс 9,22Колкупати Го беа огорчувале во пустината и Го беа разгневувале во без­водната земја! 41#Ис 6,3И отстапуваа и одново Го иску­шуваа Бога и Го раздразнуваа Светецот Израелов; 42#2 Мојс 12,29-36не се сеќаваа на Неговата рака, ни на денот кога Тој ги избави од непријателот; 43#2 Мојс 7–11кога ги покажа во Египет Своите знаци и во полињата на Цоан – Своите чудеса; 44и ги претвори реките нивни и потоците нивни во крв, за да не можат да пијат; 45испрати на нив бубачки да ги боц­каат и жаби да ги уништат; 46житото нивно го предаде на гасеници и трудот нивен на скакулци; 47лозјата им ги исчука со град и смок­вите нивни – со слана. 48И добитокот нивен го уништи со град, а имотот нивен – со оган; 49го испрати врз нив гневот на јароста Своја, јарост, и гнев, и маки – одред зли ангели; 50го отвори патот на Својот гнев, не ги поштеди од смрт ни душите нивни и добитокот нивен го предаде на помор; 51#105,36; 106,22уништи сѐ што беше првородено во Египет, првините од нивниот труд во шаторите на Хам. 52#77,20; 2 Мојс 12,41-42; 13,16-17Тогаш го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо преку пус­тината: 53#2 Мојс 13,17.21; 14,19; 2 Мојс 15,10.19ги водеше сигурно, и тие не се упла­шија; непријателите нивни ги покри морето – 54и Ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Негова ја беше придобила; 55#44,2; 105,11.44; Ис.Н. 13,6; 23,4; 24,8-13и ги изгони од пред лицето нивно народите, а земјата им ја раздели со ждрепка во нивно наследство, и ги на­сели израелските колена во полињата нивни. 56#5 Мојс 32,16.21; Суд 2,11-13Но тие Го искушуваа и Го огор­чуваа Бога Севишниот и не ги пазеа наредбите Негови. 57Отстапија и се оттргнаа како тат­ковците нивни, се претворија во искривен лак. 58Го разгневуваа на ридовите свои и со своите идоли Го раздразнуваа. 59Бог го чу тоа, се разгневи многу, го отфрли Израел; 60#Ис.Н. 18,1; 1 Сам 1,3; 4,2; Ер 7,12; 26,6ја отфрли скинијата во Силом, во која се всели Тој меѓу луѓето; 61#1 Сам 4,11.22и ја предаде во ропство нивната кре­пост и убавината нивна во рацете на непријателот; 62#Ер 12,7па го предаде Својот народ на меч и се разгневи на Своето наследство. 63#5 Мојс 32,22-25; Ер 7,34Момчињата нивни оган ги гол­таше, и за девојките нивни немаше свадбени песни; 64#Јов 27,15свештениците нивни паѓаа од меч, и вдовиците нивни не беа оплакувани. 65Тогаш се разбуди Господ како од сон, како јунак од вино совладан, 66#1 Сам 5,6-7и ги порази непријателите Свои од зад грб и ги предаде на вечен срам. 67И го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра коленото Ефремово, 68#47,4; 87,2туку го избра коленото Јудино, го­рата Сион, која ја возљуби. 69#48,2; 87,2; 2 Сам 5,9И изгради светилиште Свое како небото и како Земјата го утврди засекогаш, 70#1 Сам 13,14; 16,11-13и го избра Давид, својот слуга, го зеде од овчите стада, 71#2 Сам 5,2; 7,7; Ис 40,11; Ез 34,13.23; 37,24; Мих 7,14и од овците што се јагнат го доведе за да го пасе народот Негов, Јаков и Из­раел, наследството Негово. 72#77,20И Тој ги пасеше со чисто срце и ги водеше со Својата мудра рака.

Селектирано:

Псалми 78: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност