Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 78:1-14

Псалми 78:1-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Слушни ги народе мој поуките мои, нека чуе увото ваше што зборува устата моја. Ја отворам устата своја со парабола и ќе зборувам за непознатите работи од старо време, работи што ги чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши, нема да ги криеме од нивните деца, на идниот род ќе му раска­жуваме за славата на Господ и силата Негова, и чудесата Негови што Тој ги изврши. Тој подигна сведоштво во Јаков и положи закон во Израел, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои, за да знае идниот род, децата, што ќе се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца, да ги полагаат надежите свои во Бога, да не ги забораваат делата Бож­ји, да ги чуваат Неговите заповеди и да не бидат како татковците нивни – род тврдоглав и бунтовен, непостојан по срце и не Му остана верен на Бога со духот свој. Синовите Ефремови, вооружени, стрелајќи со лакови, отстапија во денот на битката: тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот закон. Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал, чудесата што пред очите на нив­ните татковци ги направи во египетската земја, во полињата на Цоан; го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како насип; дење ги водеше со облак, а по цела ноќ – со огнена светлина

Псалми 78:1-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Послушај го, народе Мој, Мојот закон, приклони ги своите уши кон зборовите на Мојата уста! Ќе ја отворам својата уста за поука, ќе ги изнесам тајните од древните времиња. Она што чувме и научивме, што ни раскажуваа татковците, не ќе го криеме од нивните деца, ќе го предадеме на идното поколение: Господовата слава и Неговата сила, и чудесните дела што ги направи. Тој постави сведоштво за Јакова, положи Закон во Израел: Тоа што им го заповеда на нашите татковци, тие да му го соопштат на своите деца, за да знае идното поколение, и синовите што ќе се родат, да им раскажуваат на своите деца, својата надеж да ја положат на Бога и да не ги забораваат Божјите дела, туку да ги исполнуваат Неговите заповеди, и да не бидат - како нивните татковци - упорно и непокорно поколение. Поколение непостојано со срцето и со духот неверно на Бога. Ефремовите синови, воини со лакови, ги свртија плеќите во денот на битката. Не го додржаа Заветот со Бога и не сакаа да одат според Неговиот Закон. Ги заборавија Неговите дела, чудата што им ги покажа. Пред нивните очи правеше знаци во Египет, во Полето Зоан. Тој го раздвои морето и ги преведе, ги издигна водите како насип. Дење ги водеше со облакот, а цела ноќ со блескав оган.