Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 68:11-20

Псалми 68:11-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Господ дава наредба; голема е при­дружбата на известителите: цареви на армии бегаат ли бегаат, а жените по домовите пленот го делат. Додека вие почивавте меѓу стадата, крилјата на гулабицата заблескаа во сребро, а нејзините пердуви со злато. Кога Семоќниот ги разбиваше ца­ревите, снег паѓаше на Селмун. Горо моќна, горо Башанска, горо со бројни врвови, горо Башанска! Зошто гледаш завидливо, горо со бројни врвови, кон гората што Бог ја посака за Свое пребивалиште, каде што Господ ќе престојува довека? Божјите коли се безброј – на илјада илјади; Господ на Синај, доаѓа во све­тилиштето. Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови од луѓето, дури и од противниците на Божјото пребивалиште таму. Нека е благословен Бог, Кој нѐ носи од ден во ден, Бог, нашето спасение. Нашиот Бог е Бог, Кој спасува; во власта на Господ е избавувањето од смртта.

Псалми 68:11-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ даде слово: големо е мноштвото на радосните известители: Царевите на војските бегаат и бегаат, домаќинките го разделуваат запленетото. Додека вие се одморувавте меѓу стадата, крилата на гулабицата заблистаа со сребро, а нејзиното перје со жолтикаво злато: таму Сѐмоќниот ги разбиваше царевите, а таа заблеска како снег на Селмон. Божја планина е Васанската планина; високата Гора, е Васанска Гора. Зошто вие, врвлести планини, гледате со завист на гората, каде Бог благоволи да живее? Господ ќе престојува на неа секогаш! Божјите воени коли се безбројни, илјадници илјади: Господ доаѓа од Синај во Своето Светилиште! Издигајќи се на височина, водејќи ги заробениците, Ти доби дарови меѓу луѓето, а и меѓу бунтовниците - за да се настаниш таму Господе Боже! Благословен да е Бог од ден на ден, Бог нѐ носи, нашиот Спасител. Нашиот Бог е Бог Кој спасува, Господ избавува од смрт.