Псалми 68
68
ПСАЛМ 68
Благодарност кон Бога за победата
1Нека се крене Бог, и да се распрснат непријателите Негови; нека се разбегаат пред лицето Негово оние што Го мразат. 2#4 Мојс 10,35; Ис 33,3Како што димот исчезнува, така да исчезнат; како што восокот се топи од оган, така да загинат грешниците од лицето Божјо! 3А праведните да се развеселат, да се зарадуваат пред Бога и да Го прославуваат во радоста. 4#32,11Пејте Му на Бога, пејте Му на Неговото име; направете Му пат на Оној, Кој се движи по небото; името Му е Господ, и радувајте се пред Него. 5#18,10; 2 Мојс 15,21; 5 Мојс 33,26; Ис 19,1Татко на сираците и Заштитник на вдовиците; Тој е Бог во Своето свето место. 6#146,9; 2 Мојс 22,21-22Бог им дава домови на напуштените, ги ослободува од окови затворениците, а непокорните остануваат да живеат во пеколна пустина. 7Боже, кога Ти излегуваше пред Твојот народ, кога чекореше по пустината, 8#5 Мојс 33,2; Суд 5,4-5; Авак 3,3-4земјата се тресеше и небесата истураа дожд пред Бога, Бог на Синај – пред Бога, Бог Израелов. 9Изобилен дожд изли Ти, Боже, врз Твоето наследство, и кога тоа изнемоштуваше, Ти го поткрепуваше. 10#78,24-25; 2 Мојс 16Стадата Твои живеат на неа; во Својата добрина, Боже, Ти се погрижи и за сиромасите. 11Господ дава наредба; голема е придружбата на известителите: 12цареви на армии бегаат ли бегаат, а жените по домовите пленот го делат. 13#48,4-5; Суд 5,19.22Додека вие почивавте меѓу стадата, крилјата на гулабицата заблескаа во сребро, а нејзините пердуви со злато. 14#Суд 5,16Кога Семоќниот ги разбиваше царевите, снег паѓаше на Селмун. 15Горо моќна, горо Башанска, горо со бројни врвови, горо Башанска! 16Зошто гледаш завидливо, горо со бројни врвови, кон гората што Бог ја посака за Свое пребивалиште, каде што Господ ќе престојува довека? 17#78,68; Ез 43,7Божјите коли се безброј – на илјада илјади; Господ на Синај, доаѓа во светилиштето. 18#Ис.Н. 5,13-15; 2 Цар 6,17; 7,5Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови од луѓето, дури и од противниците на Божјото пребивалиште таму. 19#47,5; Ефес; 4,8-10Нека е благословен Бог, Кој нѐ носи од ден во ден, Бог, нашето спасение. 20#63,8; 5 Мојс 32,11; Ис 46,3-4Нашиот Бог е Бог, Кој спасува; во власта на Господ е избавувањето од смртта. 21Но Бог ќе им ги скрши главите на непријателите Свои и влакнестото теме на оние што остануваат во своите гревови. 22Господ рече: од Башан ќе ги вратам, ќе ги извлечам од морските длабочини, 23за да ти се натопи ногата твоја и јазикот на твоите кучиња во крвта на непријателите. 24#1 Цар 21,19; 22,37; 2 Цар 9,36Го видов Твоето величествено доаѓање, Боже, доаѓањето на мојот Бог и Цар во светилиштето: 25напред одеа пејачите, а на крајот свирачите, а во средината – девојки со тимпани: 26„Во собранијата благословувајте Го Бога, Господа, вие, што сте од семето Израелово!“ 27#80,1-2; 5 Мојс 33,28; Ис 8,23; Ер 2,13; 17,13Таму беше Венијамин, најмладиот; кнезовите Јудини – со своите чети, кнезовите Завулонови, кнезовите Нефталимови. 28Покажи ја Боже, силата Твоја, снагата Твоја, Боже, како што правеше со нас во минатото. 29Поради Твојот храм во Ерусалим, царевите ќе Ти принесуваат дарови. 30Скроти ги ѕверовите во мочуриштата, воловите со телињата на народите, згази ги под нозете оние кои се лакомат по почести, растури ги народите кои уживаат во војна. 31#Ез 29,2-3Нека се донесе бронза од Египет, Етиопија брзо нека подаде раце кон Бога. 32#Ис 18,7; 45,13Царства земни, пејте Му на Бога, славете Го Господа, 33Кој се вози на небо, на небесата исконски. И, ете, Тој го испраќа Својот глас, Својот силен глас. 34#18,10; 68,4; 5 Мојс 33,26Подајте Му слава на Бога! Над Израел е Неговото велелепие, а силата Негова на облаците. 35Чудесен си Ти, Боже, во светоста Своја; Бог Израелов – Тој ќе му даде сила и крепост на Својот народ. Нека е благословен Бог!
Селектирано:
Псалми 68: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006