Псалми 68:1-6
Псалми 68:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Нека се крене Бог, и да се распрснат непријателите Негови; нека се разбегаат пред лицето Негово оние што Го мразат. Како што димот исчезнува, така да исчезнат; како што восокот се топи од оган, така да загинат грешниците од лицето Божјо! А праведните да се развеселат, да се зарадуваат пред Бога и да Го прославуваат во радоста. Пејте Му на Бога, пејте Му на Неговото име; направете Му пат на Оној, Кој се движи по небото; името Му е Господ, и радувајте се пред Него. Татко на сираците и Заштитник на вдовиците; Тој е Бог во Своето свето место. Бог им дава домови на напуштените, ги ослободува од окови затворениците, а непокорните остануваат да живеат во пеколна пустина.
Псалми 68:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Нека се крене Бог! Нека се разбегаат Неговите непријатели, нека избегаат пред Него сите Негови мразители! Како што исчезнува димот, нека ги снема и нив! Како што се топи восокот врз оган, така нека ги снема грешниците пред Божјото лице! Нека се радуваат праведните, нека Му пеат на Бога, нека воскликнуваат од радост. Пејте на Бога, славете го Неговото име! Порамнете го патот на Оној, Кој оди низ пустината, чие име е Господ - и радувајте се пред Него! Татко на сирачињата, бранител на вдовиците, Бог е во Своето свето Живеалиште. Бог ќе ги настани осамените во семејства, на затворениците ќе им даде среќна слобода: само бунтовниците останаа во безводната пустина.