Псалми 62:1-8
Псалми 62:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Само во Бога се успокојува душата моја, од Него е моето спасение. Зашто Тој е Бог мој, и мој Спасител. Тврдина моја: нема да се поколебам. До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда! Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж. Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште мое. Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиште.
Псалми 62:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Душо моја, мирот е само во Бога, спасението е само во Него. Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам. До кога ќе се нафрлате врз бедниот, за да го сотрете сите заедно, како разурнат ѕид или навалена ограда? Се заверија да ме фрлат од мојата висина, уживаат во лага; благословуваат со устата, а колнат со срцето. Душо моја, мирот е само во Бога, мојата надеж е само на Него. Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам. Во Бога е моето спасение и слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште. Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште!