Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 62

62
ПСАЛМ 62
Ништожноста човекова
1Само во Бога се успокојува душата моја, од Него е моето спасение. 2#Ис 12,2Зашто Тој е Бог мој, и мој Спаси­тел. Тврдина моја: нема да се поколебам. 3#18,2; 46,7.11; 89,26До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда! 4Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. 5#4,2; 28,3; 55,21А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж. 6#42,5.11; 43,5; 71,5; 118,8; Мих 7,7Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. 7#1 Мојс 49,18Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна карпа и прибе­жиште мое. 8#Ис 45,17; 60,17; Ер 3,23Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиш­те. 9#Ис 26,4Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лага; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив! 10#39,5-6; 49,2; 116,11; Ис 40,15Не верувајте во насилство и не по­сакувајте грабеж; кога богатството расте, не приврзувајте го срцето кон него. 11#Ис 30,12; Ер 17,11; Ез 22,29; Јов; 27,13-14; 31,24; Проп; 5,9-10; Мт 6,19-20.24; 1 Тим 6,17Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа дека силата е во Бога, 12#Јов 40,5дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти му плаќаш на секого според делата негови.

Селектирано:

Псалми 62: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност