Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 61

61
ПСАЛМ 61
Молитва на потиштен цар
1Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја. 2Кон Тебе викам од крајот на земјата, зашто срцето ми папса. Подигни ме на висока карпа, 3#27,4-5; 43,3зашто Ти си моето прибежиште, крепосен заклон од непријателот. 4#46,1; Изреки 18,10Дај ми да се населам вечно во Твоето живеалиште да се засолнам под покривот на Твоите крилја. 5#15,1; 17,8Зашто Ти, Боже, ги чу моите мо­литви и им даде наследство на оние, кои се бојат од Твоето име. 6Додај му уште денови кон деновите на царот и продолжи му ги годините од род во род, 7#21,4; 43,3; 66,13; 72,5; 85,10-11; 89,4-26; Ис 16,5; Изреки 20,28за да владее вечно пред Бога; милост и верност испрати му за да го чуваат. 8И така, со песна ќе го воспевам Твоето име и ќе ги извршувам своите завети секој ден.

Селектирано:

Псалми 61: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност