Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 62:1-12

Псалми 62:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Само во Бога се успокојува душата моја, од Него е моето спасение. Зашто Тој е Бог мој, и мој Спаси­тел. Тврдина моја: нема да се поколебам. До кога ќе притискате врз човекот? Го уривате сите вие како наклонет ѕид и накривена ограда! Намисливте да го уништите моето достоинство со лага; со устата своја благословувате, а со срцето свое колнете. А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж. Само Тој е моја Карпа и Спасител мој: тврдина моја и нема веќе да се колебам. Во Бога е моето спасение и мојата слава; Бог ми е силна карпа и прибе­жиште мое. Надевајте се во Него сите луѓе во секое време; отворете го срцето ваше пред Него: Бог е нашето прибежиш­те. Синовите човечки се само суета; синовите човечки се лага; кога би ги ставиле на мерило, тие сите заедно би биле полесни од здив! Не верувајте во насилство и не по­сакувајте грабеж; кога богатството расте, не приврзувајте го срцето кон него. Еднаш Бог рече, а двапати јас го чув тоа дека силата е во Бога, дека во Тебе, Господи, е силата Божја и дека во Тебе има милост, зашто Ти му плаќаш на секого според делата негови.

Псалми 62:1-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Душо моја, мирот е само во Бога, спасението е само во Него. Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам. До кога ќе се нафрлате врз бедниот, за да го сотрете сите заедно, како разурнат ѕид или навалена ограда? Се заверија да ме фрлат од мојата висина, уживаат во лага; благословуваат со устата, а колнат со срцето. Душо моја, мирот е само во Бога, мојата надеж е само на Него. Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам. Во Бога е моето спасение и слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште. Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште! Синовите на луѓето се суетни, лага се човечките синови: Сите да застанат на мерилка, ќе бидат полесни од суетата. Не се надевајте на насилие, ниту се фалите суетно со ограбеното; ако ви се зголеми богатството, вашето срце нека не се прилепи кон него. Бог рече едно, а јас чув две: „Силата е во Бога!“ Господи, во Тебе е добрината! Ти му враќаш секому според делата.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност