Псалми 61:1-8
Псалми 61:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја. Кон Тебе викам од крајот на земјата, зашто срцето ми папса. Подигни ме на висока карпа, зашто Ти си моето прибежиште, крепосен заклон од непријателот. Дај ми да се населам вечно во Твоето живеалиште да се засолнам под покривот на Твоите крилја. Зашто Ти, Боже, ги чу моите молитви и им даде наследство на оние, кои се бојат од Твоето име. Додај му уште денови кон деновите на царот и продолжи му ги годините од род во род, за да владее вечно пред Бога; милост и верност испрати му за да го чуваат. И така, со песна ќе го воспевам Твоето име и ќе ги извршувам своите завети секој ден.
Псалми 61:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
О Боже, чуј го мојот вик, слушај ја мојата молитва! Од крајот на земјата, викам кон Тебе; зашто моето срце ми премира: ќе ме кренеш врз карпата која е повисоко од мене. Зашто Ти си ми прибежиште, цврста тврдина против непријателите. О да можам да живеам секогаш во Твоето Живеалиште, да се засолнам под Твојата закрила! Зашто, Ти, Боже, ја послуша мојата молба, ми даде наследство како на оние, што го почитуваат Твоето име. Придај дни кон деновите на царот, нека му трајат годините низ многу родови, нека царува, пред Бога довека; испрати ги добрината и верноста да го чуваат! Така ќе го славам секогаш Твоето име, секојдневно ќе ги извршувам своите завети.