Псалми 61:1-4
Псалми 61:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Услиши го, Боже, моето молење, прими ја молитвата моја. Кон Тебе викам од крајот на земјата, зашто срцето ми папса. Подигни ме на висока карпа, зашто Ти си моето прибежиште, крепосен заклон од непријателот. Дај ми да се населам вечно во Твоето живеалиште да се засолнам под покривот на Твоите крилја.
Сподели
Прочитај Псалми 61Псалми 61:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
О Боже, чуј го мојот вик, слушај ја мојата молитва! Од крајот на земјата, викам кон Тебе; зашто моето срце ми премира: ќе ме кренеш врз карпата која е повисоко од мене. Зашто Ти си ми прибежиште, цврста тврдина против непријателите. О да можам да живеам секогаш во Твоето Живеалиште, да се засолнам под Твојата закрила!
Сподели
Прочитај Псалми 61