Псалми 27:7-14
Псалми 27:7-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Чуј го, Господи, гласот мој, бидејќи кон Тебе викам смилувај ми се и услиши ме. Срцето мое ми вели: „Барај го лицето Негово!“; и јас го барам лицето Твое, Господи. Не сокривај го од мене лицето Свое; не одбивај го во гневот слугата Твој. Биди мој помошник; не отфрлувај ме и не оставај ме, Боже, Спасителе мој! Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прибере. Научи ме, Господи, на Твојот пат и води ме по рамна патека, поради непријателите мои; не предавај ме на своеволноста на непријателите, зашто останаа против мене лажни сведоци со насилство во нивните носници. Но јас верувам дека ќе ја видам Господовата добрина во земјата на живите. Надевај се во Господ, биди бодар; нека е цврсто срцето твое; надевај се во Господ!
Псалми 27:7-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
О, Господи, слушај го мојот глас кога викам, биди ми милостив и услиши ме! Моето срце зборува: „Барај го Моето лице!“ Да, го барам Твоето лице, Господи. Не го криј Твоето лице од мене! Не отфрлај го во гнев Твојот слуга! Ти, помош моја, не ме отфрлај! И не оставај ме, Боже, Спасителу мој! Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прими. Научи ме, Господи, на Својот пат, поведи ме по рамна патека, заради моите противници. Не ме предавај на бесот на моите непријатели, зашто лажни сведоци станаа против мене, кои дишат со насилство. Верувам дека ќе ги уживам Господовите добрини во земјата на живите. Надевај се на Господа, охрабри се! Нека биде цврсто твоето срце! Да, чекај Го Господа!