Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 27

27
Срдечна надеж во Бога
1. Давидова надеж
Давидов псалм (Пред помазаник).
1Господ ми е светлина и спасение, од кого да се плашам? Господ е штит на мојот живот, пред кого да треперам? 2Кога ќе се доближат до мене злосторниците, моите противници и непријатели, за да ми ја изедат снагата, тие се сопнуваат и паѓаат. 3Ако војска се крене против мене, моето срце не се бои; ако избувне и војна против мене, и тогаш сум полн со надеж.
4За едно Му се молам на Господа, само тоа го барам: Да живеам во Господовиот дом, во текот на сите дни на мојот живот; да уживам во Господовата убавина, и да истражувам во Неговиот Храм. 5Тој ме засолнува во Својот шатор, во зол ден; ме крие во скрилница на Својот шатор, Тој ме издига на карпа. 6И сега ја кревам главата над непријателите што ме опкружуваат. Ќе принесувам радосни жртви во Неговиот шатор, ќе пеам и ќе се радувам во Господа.
2. Давидова молитва за помош
7О, Господи, слушај го мојот глас кога викам, биди ми милостив и услиши ме! 8Моето срце зборува: „Барај го Моето лице!“ Да, го барам Твоето лице, Господи. 9Не го криј Твоето лице од мене! Не отфрлај го во гнев Твојот слуга! Ти, помош моја, не ме отфрлај! И не оставај ме, Боже, Спасителу мој! 10Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прими.
11Научи ме, Господи, на Својот пат, поведи ме по рамна патека, заради моите противници. 12Не ме предавај на бесот на моите непријатели, зашто лажни сведоци станаа против мене, кои дишат со насилство. 13Верувам дека ќе ги уживам Господовите добрини во земјата на живите. 14Надевај се на Господа, охрабри се! Нека биде цврсто твоето срце! Да, чекај Го Господа!

Селектирано:

ПСАЛМИ 27: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се