Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 27:4-9

Псалми 27:4-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Госпо­довата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм, зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето жи­веалиште; би ме искачил на карпа. Тогаш главата моја ќе се издигне над непријателите што ме опкружу­ваат; и јас ќе принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ќе пеам и ќе Го фалам Господа. Чуј го, Господи, гласот мој, бидеј­ќи кон Тебе викам смилувај ми се и услиши ме. Срцето мое ми вели: „Барај го лицето Негово!“; и јас го барам лицето Твое, Господи. Не сокривај го од мене лицето Свое; не одбивај го во гневот слугата Твој. Биди мој помошник; не отфрлувај ме и не оставај ме, Боже, Спасителе мој!