Псалми 27:4-8
Псалми 27:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам: да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ја гледам Господовата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм, зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето живеалиште; би ме искачил на карпа. Тогаш главата моја ќе се издигне над непријателите што ме опкружуваат; и јас ќе принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ќе пеам и ќе Го фалам Господа. Чуј го, Господи, гласот мој, бидејќи кон Тебе викам смилувај ми се и услиши ме. Срцето мое ми вели: „Барај го лицето Негово!“; и јас го барам лицето Твое, Господи.
Псалми 27:4-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
За едно Му се молам на Господа, само тоа го барам: Да живеам во Господовиот дом, во текот на сите дни на мојот живот; да уживам во Господовата убавина, и да истражувам во Неговиот Храм. Тој ме засолнува во Својот шатор, во зол ден; ме крие во скрилница на Својот шатор, Тој ме издига на карпа. И сега ја кревам главата над непријателите што ме опкружуваат. Ќе принесувам радосни жртви во Неговиот шатор, ќе пеам и ќе се радувам во Господа. О, Господи, слушај го мојот глас кога викам, биди ми милостив и услиши ме! Моето срце зборува: „Барај го Моето лице!“ Да, го барам Твоето лице, Господи.