Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 19:7-14

Псалми 19:7-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Непорочен е законот Божји – души­те ги укрепува; верно е откровението на Господ – ги учи неуките, и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите. Страхопочитта кон Господ е чиста – пребива довека; судовите Господови се вистина – сите се праведни; поскапи се од злато и од скапоцени камења – послатки се од восочен мед. Слугата Твој ги пази; а кој ги пази, голема награда добива. Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни гревови очис­ти ме, и од горделивост запази го слугата Твој, за да не овладее со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи. Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благо­угодни пред Тебе, Господи, Карпо моја и избавителе мој!

Псалми 19:7-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот; Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед е светла - ги просветлува очите; Стравот од Господа е чист - останува довека; Господовите судови се вистински - сите се еднакво праведни; Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита. Твојот слуга е предупреден од нив, кој ги чува има голема награда. Но, кој ги сознава своите погрешки? Очисти ме од тајните прегрешувања! Запази го Својот слуга од гордоста, да не завладее со мене. Тогаш ќе бидам непорочен, чист од голем грев. Зборовите на мојата уста и размислувањата на моето срце, нека бидат угодни пред Тебе, Господи, Тврдино моја и Избавителу мој.