Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 19

19
ПСАЛМ 19
Божјата слава во создавањето и законот Негов
1Небесата ја објавуваат Божјата сла­ва, а за делата на рацете Негови известува сводот небесен. 2#50,6; 89,5; 97,6; 147,4-5; 147,15-20; 1 Мојс 1,1-8; 1,14-19; Јов 38,7; 38,30-32; Изреки 8,22-31; Рим 1,20Ден на денот објавува, и ноќ на ноќта знаење открива. 3Нема јазик, ниту, пак говор, во кој не се слуша нивниот глас. 4Сепак, нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на светот. На небото му постави шатор на сонцето, кое 5#Рим 10,18излегува како младоженец од брач­ното легло, се радува како силен јунак што ја прелетува патеката. 6Од крајот на небесата е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова. 7Непорочен е законот Божји – души­те ги укрепува; верно е откровението на Господ – ги учи неуките, 8и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите. 9Страхопочитта кон Господ е чиста – пребива довека; судовите Господови се вистина – сите се праведни; 10#12,6; Јк 1,27поскапи се од злато и од скапоцени камења – послатки се од восочен мед. 11#119,127; 119,103Слугата Твој ги пази; а кој ги пази, голема награда добива. 12Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни гревови очис­ти ме, 13и од горделивост запази го слугата Твој, за да не овладее со мене. Тогаш јас ќе бидам непорочен и ќе бидам очистен од големите престапи. 14Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благо­угодни пред Тебе, Господи, Карпо моја и избавителе мој!

Селектирано:

Псалми 19: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност