Псалми 19:7-11
Псалми 19:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Непорочен е законот Божји – душите ги укрепува; верно е откровението на Господ – ги учи неуките, и Господовите повелби се праведни – го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите. Страхопочитта кон Господ е чиста – пребива довека; судовите Господови се вистина – сите се праведни; поскапи се од злато и од скапоцени камења – послатки се од восочен мед. Слугата Твој ги пази; а кој ги пази, голема награда добива.
Псалми 19:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Господовиот Закон е совршен - ја крепи душата; Господовото сведоштво е верно - му дава мудрост на неукиот; Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед е светла - ги просветлува очите; Стравот од Господа е чист - останува довека; Господовите судови се вистински - сите се еднакво праведни; Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита. Твојот слуга е предупреден од нив, кој ги чува има голема награда.