Псалми 142:3-6
Псалми 142:3-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако изнемошти духот мој, Ти ја знаеш мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија. Се обѕирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познава: нема каде да избегам; никој не се грижи за душата моја. Повикав кон тебе, Господи, и реков: „Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите. Прими ја молитвата моја, зашто многу сум понижен; избави ме од моите гонители, зашто тие се посилни од мене.
Псалми 142:3-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако мојот дух изнемошти во мене, Ти го знаеш мојот пат. На патот, по кој минувам, потајно ми поставија примка. Ако се свртам надесно и погледам: никој не знае за мене. Нема каде да избегам, никој не се грижи за мојот живот. Господи, кон Тебе извикувам; зборувам: „Ти Си мое прибежиште, Ти Си мој дел во земјата на живите. Послушај ги моите извици, зашто сум многу понижен. Избави ме од моите гонители, зашто се посилни од мене.