Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 142

142
ПСАЛМ 142
Молитва Давидова кога бил во пештера
1Со гласот свој викам кон Господ, со гласот свој Му се молам на Господ. 2#77,1Ќе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ќе ја кажам. 3Ако изнемошти духот мој, Ти ја знаеш мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија. 4#77,3; 143,4; 140,5Се обѕирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познава: нема каде да избегам; никој не се грижи за ду­шата моја. 5Повикав кон тебе, Господи, и реков: „Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите. 6#16,5; 91,9Прими ја молитвата моја, зашто многу сум понижен; избави ме од моите гонители, зашто тие се посилни од мене. 7#18,17; 2 Сам 22,18Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Околу мене ќе се соберат праведните, зашто Ти ќе постапиш добро со мене.“

Селектирано:

Псалми 142: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се