Псалми 142:1-7
Псалми 142:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Со гласот свој викам кон Господ, со гласот свој Му се молам на Господ. Ќе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ќе ја кажам. Ако изнемошти духот мој, Ти ја знаеш мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија. Се обѕирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познава: нема каде да избегам; никој не се грижи за душата моја. Повикав кон тебе, Господи, и реков: „Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите. Прими ја молитвата моја, зашто многу сум понижен; избави ме од моите гонители, зашто тие се посилни од мене. Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Околу мене ќе се соберат праведните, зашто Ти ќе постапиш добро со мене.“
Псалми 142:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Со сиот глас викам кон Господа, со сиот глас му се молам на Господа. Ги излевам пред Него моите поплаки, ја изнесувам пред Него мојата мака. Ако мојот дух изнемошти во мене, Ти го знаеш мојот пат. На патот, по кој минувам, потајно ми поставија примка. Ако се свртам надесно и погледам: никој не знае за мене. Нема каде да избегам, никој не се грижи за мојот живот. Господи, кон Тебе извикувам; зборувам: „Ти Си мое прибежиште, Ти Си мој дел во земјата на живите. Послушај ги моите извици, зашто сум многу понижен. Избави ме од моите гонители, зашто се посилни од мене. Изведи ја од темница мојата душа, да Му заблагодарам на Твоето име. Праведници ќе се соберат околу мене, заради доброто што ми го укажа мене.“