Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 103:1-18

Псалми 103:1-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Благословувај Го, душо моја, Госпо­да, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име! Благословувај Го, душо моја, Госпо­да и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; Кој го избавува од пропаст твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини. Кој го исполнува со добра животот твој, како на орел ти ја обновува твојата младост. Господ им дава милост и правда на сите угнетени. Тој му ги покажа Своите патишта на Мојсеј, на Израеловите синови – де­лата Свои. Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; Тој не се гневи до крај, ниту вечно се лути. Тој не постапува со нас според на­шите беззаконија и не ни плаќа спо­ред нашите беззаконија; зашто, колку е големо растојанието од небото до Земјата, толку е голема милоста на Господ спрема оние што се бојат од Него; колку е далеку исток од запад, тол­ку ги оддалечува Тој од нас на­шите престапи; како таткото што ги милува сино­вите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто Тој го знае нашиот состав, помни дека сме прав. Дните на човекот се како трева; ка­ко полски цвет, така прецутува тој; ќе дувне ли над него ветар, и веќе го нема, и местото негово веќе не го памети. А милоста на Господ е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, и правдата Негова е од чеда на чеда, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови.

Псалми 103:1-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Благословувај Го Господа, душо моја, и сѐ што е во Мене: Неговото свето име! Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести; Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов; Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот. Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата, на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека. Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав. Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет; штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни. Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите, над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат.