Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 103

103
Фала на Божјо милосрдие
1. Псалмопевец се поттикнува себеси
Давидов псалм.
1Благословувај Го Господа, душо моја, и сѐ што е во Мене: Неговото свето име! 2Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: 3Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести; 4Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов; 5Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот.
2. Божја милост
6Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата, 7на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела. 8Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. 9Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека. 10Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. 11Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. 12Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. 13Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.
3. Вечна Божја љубов
14Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав.
15Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет; 16штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни. 17Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите, 18над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнат.
4. Секој да Го благословува Господ
19Господ го постави Својот престол на небо, и Неговото Царство владее над сѐ. 20Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово! 21Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја! 22Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја!

Селектирано:

ПСАЛМИ 103: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност