Изреки 2:3-10
Изреки 2:3-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
ако ги повикаш знаењето и разумот; ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, – ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓаат знаењето и разумот; Тој го зачувува за праведните спасението; Тој е штит за оние кои живеат непорочно; Тој ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го почитуваат. Тогаш ќе ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој добар пат. Кога мудрост ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ѝ биде пријатно на душата твоја
Изреки 2:3-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста; ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште - тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот. Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно. Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети. Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат. Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.