Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 2

2
Г. Награда за оној кој бара мудрост
1Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе, 2и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот; 3да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста; 4ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште - 5тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога. 6Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот. 7Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно. 8Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети. 9Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат. 10Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа. 11Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува: 12За да те избави од лош пат, од измамлив човек, 13од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта; 14кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото; 15чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта.
16За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови, 17која го остава пријателот на својата младост и го заборава заветот на својот Бог. 18Зашто куќата ѝ тоне во смрт, и нејзините патишта водат кон мртвите, 19кој влегува при неа, не се враќа никогаш, и не ги наоѓа повеќе патиштата на животот.
Е. Одење по пат на мудрост
20Затоа, оди по патот на добрите и држи се за патеките на праведниците! 21Зашто само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа; 22а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа.

Селектирано:

ПОСЛОВИЦИ 2: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се