Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 2

2
Мудроста нѐ пази од зло
1 # 3,1; 4,10 Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси, 2#22,17; 5 Мојс 6,4ако увото твое внимателно ја слу­ша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување; 3#Пс 3,4; 4,4ако ги повикаш знаењето и разумот; 4#3,14; Јов 28,3; Мт 13,44; Кол 2,3ако ги бараш како сребро и ги истра­жуваш како ризница, – 5#1,7; Ис 55,6ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога. 6#1 Цар 3,12; Јов 32,8; Јк 1,5Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓаат знаењето и разумот; 7#30,5; Пс 84,10Тој го зачувува за праведните спасението; Тој е штит за оние кои живеат непорочно; 8#1 Сам 2,9; Пс 66,9Тој ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го по­читуваат. 9#4,18; 8,20Тогаш ќе ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој до­бар пат. 10#14,33; 22,18Кога мудрост ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ѝ биде пријатно на душата твоја, 11#4,6; 6,22тогаш расудувањето ќе те брани, разумот ќе те чува, 12#6,12; 28,26за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага, 13#4,19; 21,16; Пс 82,5; Јн 3,19-20од оние, што ги напуштиле патиш­тата на правдата, за да одат по патот на темнината; 14#10,23; Ер 11,15од оние, што се радуваат, вршејќи зло, кои се восхитуваат на расипаност, 15#21,8; Пс 125,5чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат; 16#6,24; 7,5; 23,27за да те спаси од туѓа жена, која ги засладува зборовите свои, 17#7,10; Ис 1,21; Ер 2,24; Ос 1која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог. 18#7,27; 9,18Домот нејзин води кон смрт, и па­теките нејзини – кон пеколот; 19#5,6; 6,32никој од влезените кај неа не се враќа и не стапнува врз патот на животот. 20#4,18; 12,28Затоа оди по патот на добрите и придржувај се кон патеките на пра­ведните, 21#10,30; Пс 37,9; Мт 5,5зашто праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа; 22#5 Мојс 28,63; Пс 37,38; 52,5а беззакониците ќе бидат истребе­ни од земјата, и вероломните – искоренети од неа.

Селектирано:

Изреки 2: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се