Изреки 2:2-6
Изреки 2:2-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување; ако ги повикаш знаењето и разумот; ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, – ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓаат знаењето и разумот
Сподели
Прочитај Изреки 2Изреки 2:2-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот; да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста; ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште - тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот.
Сподели
Прочитај Изреки 2