Изреки 2:1-8
Изреки 2:1-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси, ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување; ако ги повикаш знаењето и разумот; ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, – ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓаат знаењето и разумот; Тој го зачувува за праведните спасението; Тој е штит за оние кои живеат непорочно; Тој ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го почитуваат.
Изреки 2:1-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе, и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот; да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста; ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште - тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот. Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно. Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети.