Изреки 17:5-9
Изреки 17:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кој се подбива со сиромав, Создателот негов го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет. Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родителите нивни. На безумниот умен збор не му прилега, уште повеќе на големец – лажлива уста. Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се сврти, ќе успее. Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател.
Изреки 17:5-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој му се потсмевнува на сиромашниот, Му се потсмевнува на неговиот Создател, и кој се радува на несреќата, не останува без казна. Внучињата се венец на старците, а синовите се слава на нивните татковци. Не му прилега на лудиот возвишена беседа, а уште помалку на началникот лажливи усни. Подарокот е драгоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се заврти, успева. Кој го прикрива престапот, бара љубов, а кој шири клеветнички гласови, ги скарува и најинтимните пријателите.