Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 17

17
1 # 15,17 Подобро сув залак и со него мир, отколку куќа полна со заклан добиток, но во раздор. 2#10,5; 19,26Разумен слуга господари над раз­вратен и со браќата ќе го подели нас­ледството. 3#16,2; 1 Птр 1,7Среброто и златото со оган се испи­туваат, а срцата Господ самиот ги испитува. 4#10,23Лош човек се вслушува во беззакона уста; а лажливец – во злонамерен јазик. 5#14,31; 24,17Кој се подбива со сиромав, Созда­телот негов го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет. 6#16,31Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родите­лите нивни. 7#24,7На безумниот умен збор не му прилега, уште повеќе на големец – лажлива уста. 8#18,16; 19,6; 21,14Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го дава: каде и да се сврти, ќе успее. 9#10,12; 16,28Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател. 10#19,25Врз разумниот посилно дејствува прекор, отколку врз глупавиот сто уда­ри со стап. 11#24,21-22Лошиот човек бара само зло, затоа жесток ангел ќе биде испратен против него. 12#27,22Подобро човек да сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство. 13#12,14Кој враќа зло за добро, злото нема да ја напушти куќата негова. 14#20,3; 25,8Почеток на караницата е како кога водна брана се отвора: отстапи од кара­ницата пред да се разгори. 15#18,5; 24,24Кој оправдува грешен и кој обвинува праведен – и обајцата се одвратност пред Господ. 16#23,23Што ќе му се пари во рацете на без­умен за да купи мудрост, кога во него нема разум?! 17#18,24Пријателот сака во секое време и како брат ќе се јави во време на не­волја. 18#6,1; 11,15; 22,26Неразумен човек подава рака и станува гарант за ближниот свој. 19#11,2; 16,18; 29,22-23Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне. 20#18,21Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ќе западне во беда. 21#10,1Кому се родил глупак, тешко нему. За таткото на безумен нема радост. 22#15,13Веселото срце е благотворно како лек, а паднатиот дух коски суши. 23#15,27Не се прави патиштата на нечесни­те што земаат поткуп; тие го искривуваат патот на правосудието. 24#14,6Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата. 25#10,1Глупав син е мака за таткото и огорчување за мајката. 26#17,15; 18,5Не е добро да казнуваш праведен, ниту да тепаш началник. 27#10,19; 14,29Разумниот е воздржан во зборо­вите свои, а одмерениот е трпелив и спокоен. 28#14,33И безумниот кога молчи, за мудар го сметаат, и кој ја затвора устата своја – за разумен го сметаат.

Селектирано:

Изреки 17: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се