Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Изреки 12:11-23

Изреки 12:11-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кој ја обработува земјата своја, ќе се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, неразумен е. Желбата на грешникот е стапица од зло; но коренот на праведниците дава плод. Нечесниот се фаќа во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ќе се спаси од неа. Од плодот на устата своја човекот се наситува со добро, и на човек му се дава според делата на неговите раце. Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар. Глупавиот веднаш ќе го покаже гневот свој, а благоразумниот ја сми­рува лутината своја. Кој го кажува она што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок говори измама. Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите лекува. Праведната уста вечно живее, а лажливиот јазик – само еден миг. Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротвор­ците – радост. Праведниот нема да го достаса никакво зло, а безбожниците ќе бидат преполни со зло. Лажливата уста е одвратност пред Господ, а кој говори вистина, благоугоден Му е Нему. Расудлив човек го прикрива зна­ењето свое, а срцето на глупавите го разгласува своето безумие.

Изреки 12:11-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Кој ја обработува својата земја, наситен е со леб, а кој трча по суетата, неразумен е. Копнежот на нечесниот е мрежа од зло, а коренот на праведникот дава плод. На нечесниот стапица му е гревот на неговата уста, а праведникот се избавува од беда. Од плодот на својата уста секој ќе се насити изобилно, а она што го направил со рацете, ќе му се врати. На лудиот му се чини прав неговиот пат, а мудриот човек слуша совети. Безумникот веднаш го покажува својот бес, а умниот го покрива срамот. Кој говори вистина, открива што е право, а лажниот сведок - измамата. Невнимателниот зборува како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е исцелување. Вистинита уста трае довека, а лажливиот јазик само за миг. Измамата е во срцето на оние, кои смислуваат зло, а радост во оние што делат мирољубиви совети. Праведникот не го стигнува никаква неволја, а нечесните се исполнети со зло. Одвратни Му се на Господа лажливите усни, а Му се мили кои зборуваат вистина. Благоразумниот човек го прикрива своето знаење, а безумничкото срце ја разгласува својата глупост.