Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 12:11-23

ПОСЛОВИЦИ 12:11-23 MKB

Кој ја обработува својата земја, наситен е со леб, а кој трча по суетата, неразумен е. Копнежот на нечесниот е мрежа од зло, а коренот на праведникот дава плод. На нечесниот стапица му е гревот на неговата уста, а праведникот се избавува од беда. Од плодот на својата уста секој ќе се насити изобилно, а она што го направил со рацете, ќе му се врати. На лудиот му се чини прав неговиот пат, а мудриот човек слуша совети. Безумникот веднаш го покажува својот бес, а умниот го покрива срамот. Кој говори вистина, открива што е право, а лажниот сведок - измамата. Невнимателниот зборува како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е исцелување. Вистинита уста трае довека, а лажливиот јазик само за миг. Измамата е во срцето на оние, кои смислуваат зло, а радост во оние што делат мирољубиви совети. Праведникот не го стигнува никаква неволја, а нечесните се исполнети со зло. Одвратни Му се на Господа лажливите усни, а Му се мили кои зборуваат вистина. Благоразумниот човек го прикрива своето знаење, а безумничкото срце ја разгласува својата глупост.