Броеви 16:1-3
Броеви 16:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кореј, синот на Јицхар, синот на Каат, синот Левиев, како и Датан и Авирон, синовите на Елијав, и Тој, синот на Пелет, потомци Рувимови, востанаа против Мојсеј заедно со двесте и педесет мажи од синовите израелски, началници на народот, претставници во собранието, мажи познати. И се собраа против Мојсеј и Арон и им рекоа: „Доста ви е толку; целото општество, сите се свети, и меѓу нив е Господ! А вие зошто се поставувате погоре од народот Господов?“
Броеви 16:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кореј, син Исаров, син Каатов, син Левиев, па Датон и Авирон, синови Елијавови, и Авнан син Фалетов - Рувимови потомци - се дигнаа против Мојсеја заедно со двеста и педесет Израелеви синови, главатари на заедницата, угледни во собранието и познати луѓе. Тие се собраа околу Мојсеја и Арона, велејќи им: „Вие ја преминувате мерата! Сета заедница, сите нејзини членови, се свети, Господ е и среде нас. Зошто тогаш се возвишувате над Господовото општество!“