Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Неемија 5:1-7

Неемија 5:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Се крена голем врисок од луѓето и нивните жени, против Јудејци­те, браќата нивни. Имаше едни, кои велеа: „Ние, синовите наши и ќерките наши сме многу; и ние би сакале да си набавиме жито, да се храниме и да живееме.“ Имаше и такви, кои велеа: „Ги зало­жуваме нивите свои, лозјата свои и куќите свои за да си набавиме жито при овој глад.“ Имаше и такви, кои велеа: „Ние позајмуваме сребро за царскиот данок за нивите и лозјата свои; ние имаме исти тела, какви што се телата на браќата наши, и синовите ни се такви, какви што се нивните синови, а ете, ние сме должни да ги даваме синовите свои и ќерките свои за слуги, а, пак некои наши ќерки веќе се наоѓаат во ропство. Нема никакви средства за откуп во рацете наши; и нивите наши и лозјата наши се во рацете на големците.“ Кога го слушнав нивното леле­кање и тие зборови, многу се јадосав. Срцето мое се возбуди, и јас строго ги прекорив првенците и војводите, ве­лејќи им: „Вие земате лихва од браќата свои.“ И свикав против нив голем собир

Неемија 5:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Се крена голема викотница меѓу мажите и жените против нивните браќа Евреите. Едни велеа: „Ги заложуваме своите синови и ќерки, за да можеме да набавиме пченица та да јадеме и да живееме.“ Други велеа: „Ги заложуваме своите полиња, своите лозја и своите куќи, за да можеме да набавиме пченица за време на гладот.“ Други пак велеа: „Треба да земеме пари за нашите полиња и лозја, за да можеме да ги исплатиме царските даноци. Нашето тело е како телото на нашите браќа, нашите синови како и нивните, а ние треба да ги продаваме во ропство своите синови и ќерки; некои меѓу нашите ќерки веќе се робинки! А ние не можеме ништо, зашто нашите ниви и лозја ги држат други.“ Се налутив многу кога ја чув нивната викотница и тие зборови. Откако размислив во себе, ги укорив благородниците и првенците со зборовите: „Вие им наметнувате товар на своите браќа!“ И свикав голем собир против нив!