Лого на YouVersion
Икона за пребарување

НЕЕМИЈА 5

5
б. Незадоволство на народот
1Се крена голема викотница меѓу мажите и жените против нивните браќа Евреите. 2Едни велеа: „Ги заложуваме своите синови и ќерки, за да можеме да набавиме пченица та да јадеме и да живееме.“ 3Други велеа: „Ги заложуваме своите полиња, своите лозја и своите куќи, за да можеме да набавиме пченица за време на гладот.“ 4Други пак велеа: „Треба да земеме пари за нашите полиња и лозја, за да можеме да ги исплатиме царските даноци. 5Нашето тело е како телото на нашите браќа, нашите синови како и нивните, а ние треба да ги продаваме во ропство своите синови и ќерки; некои меѓу нашите ќерки веќе се робинки! А ние не можеме ништо, зашто нашите ниви и лозја ги држат други.“
6Се налутив многу кога ја чув нивната викотница и тие зборови. 7Откако размислив во себе, ги укорив благородниците и првенците со зборовите: „Вие им наметнувате товар на своите браќа!“ И свикав голем собир против нив! 8И реков: „Ние, колку што можевме, ги откупивме своите јудејски браќа, кои им беа продадени на многубошците. А сега вие ги продавате своите браќа, за да ги откупиме!“ Сите молчеа и никој не одговори. 9Продолжив: „Не е добро тоа што го правите. Не треба ли да одите во стравот на нашиот Бог, за да се отстраниме така од потсмевот на непријателските народи? 10И јас, и моите браќа, и моите момоци им дававме сребреници и жито. Но долгот им го простивме. 11Вратете им ги и вие уште денес нивните ниви, лозја, маслиновите градини и нивните куќи, и простете им го стотиот дел во сребреници, во жито, во вино, во масло, што им го наметнавте“. 12А тие одговорија: „Ќе вратиме; не ќе бараме ништо од нив. Ќе направиме како што рече“. Тогаш ги повикав свештениците и им наредив да се заколнат дека ќе направат како што ветија. 13Потоа ги истресов скутовите на својата облека, говорејќи: „Бог нека го истресе вака од сопствената куќа и од имотот секој човек, кој не ќе се држи за ова ветување! Така да биде истресен и испразнет!“ А сиот собир одговори: „Амин!“ фалејќи Го Господа. И народот направи според овој договор.
14И од денот кога царот ми нареди да бидам управител во Јудината Земја, од дваесеттата до триесет и втората година на Артаксерксовото царување, дванаесет години јас и моите браќа никогаш не јадевме управителски леб. 15Но поранешните управители, моите претходници, го угнетуваа народот: секој ден земаа од него по четириесет сикли сребро за леб и вино; и нивните слуги го угнетуваа народот. А јас никогаш не правев така, заради Божјиот страв. 16Туку работев и при градењето на ѕидот, и не купив ниедна нива! Сите мои момчиња беа собрани на работа таму. 17Покрај мојот стол јадеа Јудејците и првенците, сто и педесет однив на број, освен оние кои доаѓаа кај нас од околните народи. 18Секој ден се готвеше на моја сметка едно говедо, шест одбрани овци и птици; а на секои десет денови беше донесувано изобилно вино за сите. А пак никогаш не го барав управителскиот данок за леб, зашто народот веќе беше оптеретен тешко. 19Спомни си, Боже мој, за мое добро заради сѐ што му сторив на овој народ.

Селектирано:

НЕЕМИЈА 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се