Лого на YouVersion
Икона за пребарување

НЕЕМИЈА 5:1-7

НЕЕМИЈА 5:1-7 MKB

Се крена голема викотница меѓу мажите и жените против нивните браќа Евреите. Едни велеа: „Ги заложуваме своите синови и ќерки, за да можеме да набавиме пченица та да јадеме и да живееме.“ Други велеа: „Ги заложуваме своите полиња, своите лозја и своите куќи, за да можеме да набавиме пченица за време на гладот.“ Други пак велеа: „Треба да земеме пари за нашите полиња и лозја, за да можеме да ги исплатиме царските даноци. Нашето тело е како телото на нашите браќа, нашите синови како и нивните, а ние треба да ги продаваме во ропство своите синови и ќерки; некои меѓу нашите ќерки веќе се робинки! А ние не можеме ништо, зашто нашите ниви и лозја ги држат други.“ Се налутив многу кога ја чув нивната викотница и тие зборови. Откако размислив во себе, ги укорив благородниците и првенците со зборовите: „Вие им наметнувате товар на своите браќа!“ И свикав голем собир против нив!