Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 5:24-34

Марко 5:24-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш Исус тргна со Јаир, а многуброен народ ги следеше, туркајќи се околу Него. Меѓу народот имаше една жена која крвавела веќе дванаесет години. Се намачила одејќи по лекари на кои го потрошила сиот свој имот, но напразно - состојбата уште повеќе и се влошувала. Оваа жена слушала што се зборува за Исус. Крадешкум, таа се доближи до Исус одзади и се допре до Неговата облека. Зашто, во себе си велеше: „Само да се допрам до Неговата облека - ќе оздравам!“ Крвавењето веднаш и запре и таа почувствува дека нејзиното тело оздраве. Во истиот момент и Исус почувствува дека од Него излезе исцелителна сила. Обраќајќи му се на народот, запраша: „Кој се допре до мојата облека?“ Учениците Му одговорија: „Гледаш колку народ се турка околу Тебе и прашуваш кој Те допрел!?“ Но Исус се сврте да види кој Го допре. Жената, тресејќи се од страв и знаејќи што се случи со неа, клекна на колена пред Него и Му ја кажа целата вистина. Исус и рече: „Ќерко! Ти оздраве врз основа на твојата вера. Оди си спокојна и здрава.“

Марко 5:24-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа. Една жена, што страдаше од крва­вење дванаесет години, и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, потрошила сѐ што имала и никаква полза не видела, а ѝ станало дури уште полошо, штом чу за Исус, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова; зашто си велеше: „Само ако се доп­рам до облеката Негова, ќе оздравам.“ И веднаш престана крвавењето, и таа осети во телото свое дека е излекувана од болеста. А Исус одеднаш почувствува во Се­бе како излезе сила од Него и се сврте кон народот и рече: „Кој се допре до облеката моја?“ Учениците Негови Му рекоа: „Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“ Но Тој гледаше наоколу, за да ја ви­ди онаа, што го направи тоа. Жената, пак, се уплаши и тре­пе­ре­ше; па, знаејќи што стана со неа, се при­ближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина. А Тој ѝ рече: „Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја!“

Марко 5:24-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И отиде со него. И многу народ одеше по Него и Го притискаше. И една жена, која страдаше од крвотечение дванаесет години, и претрпела многу од мнозина лека-ри и си го потрошила целиот свој имот, а од тоа немаше никаква полза, туку ѝ стана уште полошо; откако чу за Исуса, дојде меѓу народот, одназад, и се допре до Неговата облека, зашто си веле-ше: „Ако се допрам само и до Неговата облека, ќе се спасам!“ И веднаш ѝ прекрати крвотече-нието и таа почувствува во телото дека е излекувана од болеста. А Исус почувствува веднаш во Себе, дека сила излезе од Него, се сврте среде народот и рече: „Кој се допре до Мојата облека?“ Него-вите ученици пак рекоа: „Гледаш дека народ Те притиска и велиш: ‘Кој се допре до Мене?’“ И Тој гледаше наоколу, за да види, кој го направи тоа. А жената, уплашена и растреперена - зашто знаеше што стана со неа - дојде и падна пред Него и Му ја кажа сета вистина. А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси! Оди си со мир и биди здрава од својата болест!“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност