Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 2:3-12

Марко 2:3-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Четворица мажи, носејќи на носила еден парализиран човек, се упатија кон Исус. Бидејќи не можеа да дојдат до Него, поради многубројниот народ, тие се искачија на кровот, направија отвор над местото каде што стоеше Исус и ги спуштија носилата со парализираниот човек. Гледајќи со колкава вера го прават ова, Исус му рече на парализираниот: „Синко, гревовите ти се простуваат!“ Тука беа присутни и некои вероучители, кои во себе почнаа да се прашуваат: „Како смее да зборува вака!? Тој се прави Бог! Кој може да простува гревови освен Бог!?“ Во истиот момент, Исус ги проѕре нивните мисли и им рече: „Зошто ви идат такви зли мисли? Што е полесно за Мене: да му речам на парализираниот дека му се простуваат гревовите или да му речам да стане, да си ја земе постелата и да си оди дома? Но ќе ви докажам дека Јас, Синот Човечки, имам власт да простувам гревови на Земјава!“ Тогаш Исус му рече на парализираниот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ Пред очите на сите, човекот веднаш стана, си ја зеде постелата и излезе. Луѓето беа вчудовидени и Му оддаваа слава на Бога, велејќи: „Вакво нешто досега не сме виделе!“

Марко 2:3-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И дојдоа кај Него со еден фатен, кого го носеа четворица; па, бидејќи не можеа да се прибли­жат до Него од народот, го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Тој и ја спуштија постелката, на која лежеше фатениот. А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се простуваат гревовите твои!“ Таму седеа некои од книжниците и си помислија во срцата свои: „Што хули Овој на Бога? Кој друг може да простува гревови, освен еди­ниот Бог?“ Исус, веднаш штом дозна со Својот дух дека тие така мислат во себе, им ре­че: „Зошто го помислувате тоа во срцата свои? Што е полесно да му кажам на фатениот: ‚ти се простуваат гре­во­ви­те‘, или да речам: ‚дигни се, земи ја пос­телката своја и оди‘? Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите“ – му рече на фатениот – „Тебе ти велам: стани, земи ја пос­телката своја и оди си дома!“ И тој стана веднаш, па, штом ја зеде постелката, се појави пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бо­га, велејќи: „Никогаш вакво нешто не сме виделе!“

Марко 2:3-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И дојдоа при Него носејќи фатен, кого го носеа четворица. И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот. А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите.“ А некои од книжниците седеа таму и размислуваа во своите срца: “Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Еден Бог?“ И Исус веднаш штом созна со Својот дух дека тие размислуваат така во себе, им рече: „Зошто размислувате така во своите срца? Што е полесно да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’ Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот: “Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!“ И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Такво нешто уште никогаш не видовме!“