Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 2:3-12

МАРКО 2:3-12 MKB

И дојдоа при Него носејќи фатен, кого го носеа четворица. И како не можеа да го донесат до Него, заради народот, го открија покривот над местото каде што беше, и го пробија и ја спуштија постелата, на која лежеше фатениот. А Исус, кога ја виде нивната вера, му рече на фатениот: „Синко, ти се опростуваат гревовите.“ А некои од книжниците седеа таму и размислуваа во своите срца: “Што зборува Овој вака? Тој хули! Кој може да опростува гревови, освен Еден Бог?“ И Исус веднаш штом созна со Својот дух дека тие размислуваат така во себе, им рече: „Зошто размислувате така во своите срца? Што е полесно да му се рече на фатениот: ‘Ти се опростуваат гревовите,’ или да му се рече: ‘Стани и земи ја својата постела, и оди!’ Но за да знаете дека Човечкиот Син има власт да ги опростува гревовите на земјата, му рече на фатениот: “Тебе ти зборувам - стани, подигни ја својата постела и оди си дома!“ И стана, веднаш ја подигна постелата, и излезе пред сите, така што сите се восхитуваа и Го славеа Бога, велејќи: „Такво нешто уште никогаш не видовме!“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАРКО 2:3-12