Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 15:1-20

Марко 15:1-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И веднаш утредента првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, одр­жаа состанок, па Го врзаа Исус, Го од­ведоа и Го предадоа на Пилат. А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти ве­лиш.“ И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговори ништо. А Пилат пак Го праша и рече: „Ништо ли не одговараш? Гледаш кол­ку многу сведочат против Тебе!“ Но Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше. А на секој празник им ослободуваше по еден осуденик, кого што ќе го по­ба­раа. И имаше еден човек, по име Варава, во окови заедно со прид­руж­ни­ците, што во една буна извршиле убиство. И кога извика народот, почна да го моли Пилат да им го направи она, што го правел секогаш. А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ Зашто знаеше дека прво­свеш­те­ни­ците Го беа предале од завист. Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Ва­ра­ва. Пилат, пак, им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го именувавте Цар Јудејски?“ Тие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!“ Пилат им рече: „Какво зло напра­ви­л?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“ Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исус Го камшикуваше и Го предаде да Го распнат. Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и по­викаа цела чета, па Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата; и почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ И Го удираа по главата со трска и плукаа на Него, Му се поклонуваа, па­ѓајќи на колена. А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.

Марко 15:1-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Рано утредента, свештеничките поглавари, народните старешини и вероучителите се состанаа заедно со Врховниот совет. Тие Го врзаа Исуса и Го одведоа кај римскиот гувернер Пилат, предавајќи го во негова надлежност. Пилат почна да Го испрашува: „Ти ли си Царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“ Свештеничките поглавари изнесуваа жестоки обвиненија против Исус. Пилат повторно Го праша: „Зар нема ништо да кажеш на овие тешки обвиненија против Тебе?“ Но Исус на ништо повеќе не одговараше, на што Пилат многу се чудеше. А на секој празник Пасха гувернерот им пушташе од затвор еден затвореник, по избор на народот. Во тоа време в затвор беше еден човек по име Бараба, уапсен заедно со други бунтовници кои за време на еден бунт извршиле убиства. Народот се качи горе кај Пилат и побара да им пушти еден затвореник, како и обично. Пилат ги праша: „Сакате ли да ви Го пуштам Царот на Евреите?“ Пилат знаеше дека свештеничките поглавари му го доведоа Исуса од завист. Но свештеничките поглавари го наговорија народот од Пилат да бара ослободување на Бараба. Пилат повторно му се обрати на народот, прашувајќи го: „А што да правам со овој човек што Го нарекувате Цар на Евреите?“ Тие гласно извикаа: „Распни Го на крст!“ Пилат ги праша: „А какво злосторство извршил?“ Но тие уште погласно викаа: „Распни Го на крст!“ Тогаш Пилат, сакајќи да ја задоволи толпата, го ослободи Бараба, а Исуса Го предаде на камшикување, а потоа и на римските војници да Го распнат. Војниците Го воведоа Исуса во дворот на палатата, во таканаречениот ,преториј‘ и повикаа уште цела чета војници. Му облекоа црвена наметка, а на главата Му ставија венец исплетен од трнови гранчиња. Потоа почнаа да Му се подбиваат, викајќи: „Здраво, Цару на Евреите!“ Го удираа по главата со стап, Го плукаа и Му се клањаа, преправајќи се дека Го обожаваат. Откако доволно се подбиваа со Исус, Му ја соблекоа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата облека. Потоа Го поведоа на распнување.

Марко 15:1-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И веднаш наутро, прво-свештениците, со стареши-ните и книжниците и целиот Синедрион, Го врзаа Исуса, Го одведоа и му Го предадоа на Пилата. И Пилат Го праша: „Ти ли си Јудејскиот Цар?“ А Тој му одговори и рече: „Ти велиш!“ Првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Тој не одговори ништо. А Пилат пак Го праша: „Ништо ли не одговараш? Гледај, колку Те оптужуваат!“ Но Исус веќе ништо не одговори, така што Пилат се чудеше. А на секој празник им пушташе по еден затвореник, кого ќе го побараа. Беше во окови наре-чениот Варава, со своите собунтовници, кои во буната беа извршиле убиство. И народот извика гласно и почна да го бара она, што секогаш им го правел. А Пилат им одговори, велејќи: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ Зашто знаеше дека првосвештениците Го пре-дадоа од завист. Но прво-свештениците го наговорија народот: подобро да им го пушти Варава. А Пилат пак одговори и им рече: „Тогаш, што да направам со Оној, Кого Го викате Јудејски Цар?“ Но тие извикаа повторно: „Распни Го!“ Пилат пак им рече: „Какво зло направил?“ Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!“ Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исуса, откако Го бичу-ваа, Го предаде да биде распнат. Војниците Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета. И Му облекоа пурпурна облека; сплетоа венец од трње и го положија на Него. И почнаа да Го поздравуваат: „Здра-во, Јудејски Царе!“ И Го удираа со трска по главата, Го плукаа и паѓајќи на колена Му се клањаа. А кога Му се наругаа, ја собле-коа од Него пурпурната наметка и Му ја облекоа Неговата облека, и Го поведоа да Го распнат.