Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 15

15
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2.11-26; Лк 23,1-5.13-25; Јн 18,28–19,16)
1 # 11,27; Лк 22,66 И веднаш утредента првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, одр­жаа состанок, па Го врзаа Исус, Го од­ведоа и Го предадоа на Пилат. 2#Мт 2,2; 21,5А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти ве­лиш.“ 3И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговори ништо. 4А Пилат пак Го праша и рече: „Ништо ли не одговараш? Гледаш кол­ку многу сведочат против Тебе!“ 5#14,60-61; Ис 53,7; Лк 23,9; Јн 19,9; Дела 8,32Но Исус ништо веќе не одговори, така што Пилат се чудеше. 6А на секој празник им ослободуваше по еден осуденик, кого што ќе го по­ба­раа. 7#Лк 23,19.25И имаше еден човек, по име Варава, во окови заедно со прид­руж­ни­ците, што во една буна извршиле убиство. 8И кога извика народот, почна да го моли Пилат да им го направи она, што го правел секогаш. 9А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ 10Зашто знаеше дека прво­свеш­те­ни­ците Го беа предале од завист. 11#Дела 3,14Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Ва­ра­ва. 12Пилат, пак, им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го именувавте Цар Јудејски?“ 13#Дела 3,13; 13,28Тие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!“ 14#Лк 23,41Пилат им рече: „Какво зло напра­ви­л?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“ 15#Дела 5,40Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исус Го камшикуваше и Го предаде да Го распнат.
Исусовите понижувања
(Мт 27,27-31; Јн 19,2-3)
16Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и по­викаа цела чета, 17#10,34; Пс 22,7; 44,14па Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата; 18#Мт 2,2и почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ 19#Мих 4,14И Го удираа по главата со трска и плукаа на Него, Му се поклонуваа, па­ѓајќи на колена. 20А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.
Исусовото распнување
(Мт 27,32-44; Лк 23,26-43; Јн 19,17-27)
21 # Рим 16,13 И го натераа некој си Симон Кири­неец, таткото на Александар и на Руф, кој се враќаше од поле, да Му го носи крстот. 22#Јн 19,17; Евр 13,12Па Го одведоа на местото Голгота, што значи: место на черепи. 23#Пс 69,21; Изреки 31,6И Му дадоа да пие вино со смирна, но Тој не зеде. 24#Пс 22,19; Јн 19,24Тие што Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка кој што да земе. 25#Мт 27,45Беше третиот#15,25 Околу 9 часот. час, и Го распнаа. 26И имаше натпис за вината Негова: „Цар Јудејски.“ 27#10,37; 14,48А со Него распнаа и два разбојника, едниот од десната Негова страна, а другиот од левата. 28#Ис 53,12; Лк 22,37(И се исполни Писмото, кое вели: „И меѓу грешници Го ставија.“) 29#14,58; Пс 22,7; 109,25; Јов 16,4; Плач 2,15; Мт 26,61; Јн 2,19; Дела 6,14А минувачите, вртејќи глава, Го хулеа и велеа: „Аха! Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, 30спаси се Себеси и слези од крстот!“ 31Исто така и првосвештениците со книжниците Му се смееја и велеа: „Другите ги спасуваше, а Себе не може да се спаси! 32#Лк 23,39-43; Јн 6,30Христос, Царот израелски, нека слезе сега од крстот, па да видиме и да поверуваме!“ Го хулеа и распнатите со Него.
Исусовата смрт
(Мт 27,45-46; Лк 23,44-49; Јн 19,28-30)
33 # 2 Мојс 10,22; Ис 13,10; Амос 8,9 А во шестиот час#15,33 Околу 12 часот. настана темнина по целата земја, до деветтиот час. 34#Пс 22,2; Мт 27,46И во деветтиот час Исус извика гласно велејќи: „Елои, Елои, Лама са­вахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Бо­же Мој, зошто Ме остави?“ 35#9,11-13; Мт 11,14Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“ 36#15,23; Пс 69,21; Мт 27,34; Лк 23,36А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му да­ваше да пие, велејќи: „Почекајте да ви­диме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“ 37А Исус, пак, испуштајќи висок глас, издивна. 38#2 Мојс 26,31-37; Евр 6,19; 9,3.6-12; 10,19-20И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу. 39#Мт 4,3; 14,33; Јн 1,49; Дела 9,20А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“ 40#15,47; 16,1; Лк 8,2; 24,10Имаше и жени што гледаа одда­ле­ку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на малиот Јаков и на Јосија, и Саломија, 41кои и тогаш, кога Тој беше во Гали­леја, врвеа по Него и Му служеа, и мно­гу други што беа дошле со Него во Еру­салим.
Исусовото погребување
(Мт 27,57-61; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)
42 # Мт 27,62 А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота, 43#Лк 2,25.38дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово. 44Пилат се зачуди дека Тој веќе ум­рел; и кога го извика стотникот, го пра­ша дали одамна умрел. 45Па штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф. 46#Дела 13,29А Јосиф купи платно, Го симна и Го обви во плаштаница и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа и на­вали камен на гробната врата. 47#15,40; 16,1А Марија Магдалена и Марија Јо­сиева гледаа каде Го полагаат.

Селектирано:

Марко 15: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се