Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 15:1-20

МАРКО 15:1-20 MKB

И веднаш наутро, прво-свештениците, со стареши-ните и книжниците и целиот Синедрион, Го врзаа Исуса, Го одведоа и му Го предадоа на Пилата. И Пилат Го праша: „Ти ли си Јудејскиот Цар?“ А Тој му одговори и рече: „Ти велиш!“ Првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Тој не одговори ништо. А Пилат пак Го праша: „Ништо ли не одговараш? Гледај, колку Те оптужуваат!“ Но Исус веќе ништо не одговори, така што Пилат се чудеше. А на секој празник им пушташе по еден затвореник, кого ќе го побараа. Беше во окови наре-чениот Варава, со своите собунтовници, кои во буната беа извршиле убиство. И народот извика гласно и почна да го бара она, што секогаш им го правел. А Пилат им одговори, велејќи: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ Зашто знаеше дека првосвештениците Го пре-дадоа од завист. Но прво-свештениците го наговорија народот: подобро да им го пушти Варава. А Пилат пак одговори и им рече: „Тогаш, што да направам со Оној, Кого Го викате Јудејски Цар?“ Но тие извикаа повторно: „Распни Го!“ Пилат пак им рече: „Какво зло направил?“ Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!“ Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исуса, откако Го бичу-ваа, Го предаде да биде распнат. Војниците Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета. И Му облекоа пурпурна облека; сплетоа венец од трње и го положија на Него. И почнаа да Го поздравуваат: „Здра-во, Јудејски Царе!“ И Го удираа со трска по главата, Го плукаа и паѓајќи на колена Му се клањаа. А кога Му се наругаа, ја собле-коа од Него пурпурната наметка и Му ја облекоа Неговата облека, и Го поведоа да Го распнат.